Vrabotuvanje.com - ТИРЗ: 1.600 вработувања од почетокот на годинава
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ТИРЗ: 1.600 вработувања од почетокот на годинава

Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте, а месечната анализа покажува дека во септември компаниите во зоните достигнале највисоко ниво на извоз во последниве пет години.

ТИРЗ: 1.600 вработувања од почетокот на годинава

„Податоците кои за првпат ги имаме во зоните покажуваат дека само во септември кај компаниите имаме извоз од речиси 500 милиони евра што е највисоко ниво досега и нето извоз од 13%. Истовремено само годинава имаме раст на вработените од 12%, односно само од јануари до сега 1600 наши сограѓани се вработиле во овие компании. Ова не се само бројки и статистики, туку се реални ефекти од новиот концепт на ТИРЗ кој се фокусира на инвестиции кои носат додадена вредност и добрата деловна клима во државата“, изјавија од ТИРЗ.

Само во септември во компаниите во зоните се отворени над 300 нови работни места, со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.60.

извор: lokalno.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде