Vrabotuvanje.com - Ќе следуваат казни за трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ќе следуваат казни за трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи

За најранливите категории на граѓани во моментов се разгледуваат мерки се со цел полесно да се преброди финансиската криза.

Ќе следуваат казни за трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи

Инспекторите ќе продолжат да ги контролираат трговците кои не ги почитуваат замрзнатите маржи на основните производи и дека за секое прекршување ќе следуваат казни и корекции.

Владата на последнатаа седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало. При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени.

Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година.

извор: bankometar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде