Vrabotuvanje.com - Нови успеси: Македонија станува сериозен играч на светската Пица сцена
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нови успеси: Македонија станува сериозен играч на светската Пица сцена

Нови успеси: Македонија станува сериозен играч на светската Пица сцена

Македонскиот супериор dream team предводен од Зоран Јовановски Паламаро беше апсолутен победник на 5 – от интернационален пица шампионат во Софија, Бугарија организиран од Bulgarian Pizzaioli Association на чело со Радостин Кирyазов и Анатоли Колев.

Нашите момци (Дејан Трајанов Цеде, Хисеин Таири, Синиша Чамџиќ, Руфат Шабани и Наум Михајловски од Академија Пиациоли Македонија и Бранко Григоров од Concept food) освоија 3 злата 2 сребра и 3 бронзени медали во 4 категории - Pizza Romana, Pizza Napoletana, Pizza Creativa i Acrobatic pizza.

На натпреварот судии беа едни од најпознатите италијански пица шефови  и светски шампиони, технички судија Graziano Bertuzzo (It) а во жири комисијата беа Marco Fuso (It) Nicola Demo (It) Mike Arvblom ( Swe) Valentin Ivanov (Bg).

Селекторот на “пица репрезенатацијата“ Зоран Јовановски Паламаро за ова големо достигнување го изјави следното:

- Победата е уште послатка ако се знае дека во тимот имаме и пица мајстори кои се почетници во правење пица но сепак покажаа завидно ниво на знаење и вистински професионализам и успеаја да ги остават во неверување дури и најголемите светски судии. Руфат Шабани освои 2 златни медали со својата Pizza Romana и Acrobatic pizza каде направи вистинско шоу и едноставно “растури”со својот перформанс. Бранко Григоров освои едно злато и едно сребро во Креатива и Романа, Дејанчо Трајанов сребро и бронза во Наполетана и Креатива. Хисен Таири и Наум Михајловски освоија бронза во Пица класика и Креатива!

Голема благодарност до тимот што ја претстави Македонија во најдобро светло и покажа дека имаме квалитет, знаење и полека но сигурно стануваме сериозни играчи на светската пица сцена. Да кажам дека за наредниот светски пица шампионат во Италија спремаме уште поголем тим а веќе имаме и две девојки Ана и Емилија за кои верувам дека ке им ги “помрсат” сметките на многумина учесници на Pizza шампионатот.

Ви посакуваме уште многу вакви квалитетно зачинети успеси!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде