Vrabotuvanje.com - УЈП ја објави најновата листа на должници!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

УЈП ја објави најновата листа на должници!

УЈП ја објави најновата листа на должници!

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2022 за долгови доспеани до 30.06.2022 и неплатени до 30.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; 
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.На Листата на должници бр.10/2022 објавени се 1.664 должници – правни лица (помалку за 9 од претходната листа);
  3. 3.230 физички лица (повеќе за 458 од претходната листа);

Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.140.286.014 денари, помалку за 43.619.225 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.960.191.919 денари, помалку за 10.083.905 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 180.094.095 денари (помалку за 33,535,320 денари од претходната листа).

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде