Vrabotuvanje.com - Кинески летечки автомобил го изведе својот прв јавен лет во Дубаи / ВИДЕО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кинески летечки автомобил го изведе својот прв јавен лет во Дубаи / ВИДЕО

Летечки автомобил изработен од кинеската фабрика за електрични возила Xpeng Inc. го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на производот на меѓународните пазари.

Кинески летечки автомобил го изведе својот прв јавен лет во Дубаи / ВИДЕО

Моделот X2 е целосно електричен летечки автомобил со две седишта со каросерија од јаглеродни влакна. X2 е летало со вертикално полетување и слетување (eVTOL-vertical take-off and landing) со две седишта кое се подигнува со помош на осум пропелери – по два на секој агол од возилото. Дизајниран е да се искачува до височини до 1.000 m, да крстари до 130 km/h и да лета до 35 минути со едно полнење.

 

„Чекор по чекор се движиме кон меѓународниот пазар“, вели Мингуан Киу, генерален менаџер за Xpeng Aeroht. „Го избравме Дубаи за првиот лет бидејќи е најиновативниот град во светот“, додава Киу.

 
 
 
 
 
 
 
 
Извор: dodajgas.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде