Vrabotuvanje.com - Како да проверите дали некој ви го знае пасвордот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Како да проверите дали некој ви го знае пасвордот

Нашите пасворди не се секогаш 100% безбедни и секогаш постои ризик некој да го дознае низ директен напад на профилот или онлајн услугата кои ги чуваат корисничките податоци.

Како да проверите дали некој ви го знае пасвордот

Затоа се препорачува да се користи менаџерот за лозинки на сајтот Have I Been Pwned 2FA. Имајќи предвид дека безбедносните прекршувања се случуваат одвреме-навреме од злонамерните субјекти кои продаваат компромитирани информации за најавување на Dark Web, не штети да проверите дали некоја од вашите лозинки е украдена.

Have I Been Pwned е веродостоен сајт кој во 2013 година го лансираше директорот на „Мајкрософт“ Трој Хант. Популарен е во светот на кибербезбедноста поради откривањето на упадите и кражбата на податоци. Ова е најпопуларен начин да дознаете дали вашата лозинка е безбедна.

Користењето на услугите е едноставно и бесплатно. Посетете го сајтот и внесете ја адресата на е-пошта или бројот на телефон. Во рок од неколку секунди ќе ги дознаете сите детали за сите повреди на приватноста каде вашите податоци биле компромитирани.

Сајтот има и други алатки за проверка на безбедноста. На пример Pwned Passwords им овозможува на корисниците да внесат само лозинка и да проверат колку пати се нашла меѓу украдените податоци.

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде