Vrabotuvanje.com - Нов модел на субвенционирање за земјоделците - еве што опфаќа!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нов модел на субвенционирање за земјоделците - еве што опфаќа!

Веќе нема да важи стариот систем на субвенционирање каде што земјоделците довиваа субвенции без обврска да прикажат доказ дека оствариле производство.

Нов модел на субвенционирање за земјоделците - еве што опфаќа!

Новиот модел го подразбира токму тоа - сите земјоделци да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции.

Овој нов модел на субвенционирање се воведува по 15 години. Превидена е основна субвенција од 30 проценти авансно за одржување на земјиштето во обработлива состојба, а дополнителна поддршка ќе следува за производство на стратешките култури, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Додаваат и дека се воведува нова мерка: бизнис-план за набавка на земјоделска опрема и производство на финални производи. Не е предвидено кратење на субвенции, туку поефикасна распределба и побрза исплата, а фокусот се става на стратешките култури.

Очекувањата на министерството од новиот модел на финансиска поддршка е стабилно домашно земјоделско производство и намален увоз. 

извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде