Vrabotuvanje.com - 6 глобални компании кои вработуваат и без диплома
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

6 глобални компании кои вработуваат и без диплома

Факултетската диплома не секогаш значи силна работна етика и талент

6 глобални компании кои вработуваат и без диплома

"Имаме тимови каде 14% од тимот е составен од луѓе кои никогаш не оделе на факултет" вели Laslo Bock, поранешен заменик претседател за човечки ресурси во Google. Оваа компанија е една од повеќето водечки фирми кои се свесни дека факултетската диплома не секогаш значи силна работна етика и талент.

Се повеќе постојат добро платени работни места за оние со нетрадиционално образование. На листата компании кои не бараат факултетска диплома се наоѓаат 15 светски реномирани имиња. Прва на листата е мултинационалната компанија Google, која моментално има потреба од софтверски инженери, научни истражувачи, проект менаџери како и административни деловни партнери.

На второто место е една од најголемите ревизорски куќи, Ernst & Young. Фирмата вработува советници за ризик, постари соработници за даночни услуги, ревизори и искусни менаџери.

Американската издавачка куќа Penguin Random House е трета на листата и истата бара асистенти за производи, маркетинг дизајнери и постари менаџери за финансии. Глобалниот бренд Hilton има потреба од собарки, менаџери за настани, хотелски менаџери и меѓународни координатори за продажба.

Apple бара проект менаџери за инженеринг, инженери за верификација на дизајн и технички специјалисти додека пак, Home Depot ги отвара своите врати за помошници менаџери, менаџери за производи, аналитичари и супервизори на сектор.

Дали дипломата беше пресудна за добивање на вашата работа?  

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде