Vrabotuvanje.com - Просечната плата во јуни 24.203 денари - забележан раст од 6.1 отсто
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Просечната плата во јуни 24.203 денари - забележан раст од 6.1 отсто

Просечната плата во јуни 24.203 денари - забележан раст од 6.1 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 106.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (20.4%), Информации и комуникации (16.7%) и Преработувачка индустрија (14.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018, изнесува 24 203 денари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде