Vrabotuvanje.com - ОДЛУКА: Компаниите кои произведуваат храна ќе плаќаат поевтина струја!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ОДЛУКА: Компаниите кои произведуваат храна ќе плаќаат поевтина струја!

На вчерашната седница беше одлучено дека од декември ќе има поевтина струја за производителите на храна, училиштата и јавните претпријатија.

ОДЛУКА: Компаниите кои произведуваат храна ќе плаќаат поевтина струја!

Ќе се ублажува ударот од енергетската криза со 80 евра за мегават час за околу 200 компании кои произведуваат брашно, леб, масло, млеко и месни производи.

Нешто поскапа струја од 95 евра за мегават час ќе добиваат основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за водни услуги. 

Одлуката се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат: производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Договори со ЕСМ ќе можат да склучат и основните и средните јавни училишта, како и јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, кои одамна се жалат на големите натрупани долгови а некои од нив ги раскинуваа договорите со снабдувачите.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде