Vrabotuvanje.com - Голема колку Британија, богата како Перу, силна колку Грција: Како би изгледала Југославија во денешно време?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Голема колку Британија, богата како Перу, силна колку Грција: Како би изгледала Југославија во денешно време?

Каква, колкава и колку моќна би била Југославија во денешно време? Ова прашање сигурно сте си го поставиле барем еднаш во животот, особено ако сте дел од генерациите коишто се родиле и коишто живееле во времето пред распадот.

Голема колку Британија, богата како Перу, силна колку Грција: Како би изгледала Југославија во денешно време?

Денешната Југославија би зафатила површина од 255.880 километри квадратни и нејзината големина би била колку денешна Велика Британија или Габон.

Во денешна Југославија, БДП-то би изнесувало 232.62 милијарди долари, а тоа значи дека би била богата колку Перу или Казахстан.

Главен град на денешна Југославија би бил Белград, а вкупната популација на целата држава би изнесувала над 21 милиони луѓе. Според бројот на жители, Југославија би наликувала на денешна Шри Ланка или на Нигер.

Кога станува збор за воена моќ, денешна Југославија би била на 27-то место на листата на светските сили, односно би наликувала на денешна Грција или Виетнам.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде