Vrabotuvanje.com - ТикТок лансираше „академија“ со бесплатни курсеви за маркетинг
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ТикТок лансираше „академија“ со бесплатни курсеви за маркетинг

ТикТок лансираше „академија“ со бесплатни курсеви за маркетинг

Социјалната мрежа TikTok се обидува да допре до аспиративните маркетери низ светот со лансирањето на нова програма со курсеви, наречена TikTok Academy, чија цел е да ги научи малите бизниси како да ја користат платформата за зајакнување на својот бренд.

За учество во едукативната програма, заинтересираните корисници треба да се регистрираат со верификувана е-мејл адреса. Во моментов се достапни два бесплатни курсеви: TikTok 101 и Small Business.

TikTok 101 е воведен модул во апликацијата, со детали за тоа како TikTok на брендовите им нуди безбедност, разни креативни аспекти и што всушност ја прави платформата уникатна. За целосно поминување на овој курс се потребни само два до четири часа.

Вториот курс, Small Business, претставува серија од 15-минутни видеа наменети за малите и средни претпријатија, давајќи им знаење за тоа како да го започнат своето патување на TikTok и да создаваат привлечни содржини.

Во целина, TikTok ја опишува едукативната програма како „разиграна образовна авантура“ исполнета со забавни квизови, мини-игри и предизвици. По завршувањето на секој сегмент, учесниците ќе бидат наградувани со „беџови“.

Извор: marketing365.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде