Vrabotuvanje.com - Расте цената на становите: Во Струга 1500 евра квадрат
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Расте цената на становите: Во Струга 1500 евра квадрат

Растат цените на становите и бројот на одобренија за нови згради во Струга. Метар квадратен на најатрактивните локации покрај Охридското езеро и кејот на реката Дрим достигнува рекордни 1500 евра.

Расте цената на становите: Во Струга 1500 евра квадрат

Од пазарот на недвижните посочуваат дека има побарувачка и тоа најчесто од страна на печалбарите. Во градот на мостовите недостигаат елитни вили и уредени населби со куќи кои ќе се нудат на пазарот.

Поради раст на побарувачката има пораст и на цените но сепак понудата, е ограничена на деловите што се пазарно најинтересни за купувачите.

Цените на становите се зголемени за 30 посто до пред три години на најатрактивните цените на становите се движеa од 600 до 1000 евра за метар квадратен.

извор: sitel.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде