Vrabotuvanje.com - Германскиот гигант воведува четиридневна работна недела - "Задоволни вработени, успешен бизнис"
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Германскиот гигант воведува четиридневна работна недела - "Задоволни вработени, успешен бизнис"

Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им дозволува на своите вработени сами да одлучат дали сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

Германскиот гигант воведува четиридневна работна недела - "Задоволни вработени, успешен бизнис"

Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување – изјавила шефицата на компанијата. Според неа, тој модел е профитабилен и за компанијата и за вработените.

– Работниците имаат свои потреби кои можат да се променат во зависност од нивната животна ситуација. Колку се пофлексибилни рамковните услови на работодавачот, толку повеќе може да се задоволат тие потреби – додаде таа.

Исто така, се наведува како на вработените им се дава автономија и самоодговорност.

– Тие на тоа гледаат како на признание, а тоа придонесува за поголема мотивација и лојалност – објаснува таа.

„Гери Вебер“, се наведува, има намера во иднина да биде „атрактивен“ работодавач. Шефот на модниот бренд смета дека на Германија и е потребен ваков модел поради недостигот на квалификувана работна сила.

Инаку, потсетуваме дека Британија започна со истиот пилот проект, а дека овој модел се покажа како многу успешен и на Исланд.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде