Vrabotuvanje.com - Од училиштата во Велика Британија се отстрануваат аналогните часовници бидејќи учениците не знаат да ги читаат!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од училиштата во Велика Британија се отстрануваат аналогните часовници бидејќи учениците не знаат да ги читаат!

Од училиштата во Велика Британија се отстрануваат аналогните часовници бидејќи учениците не знаат да ги читаат!

Аналогните часовници во училиштата во Велика Британија ќе бидат заменети со дигитални часовници бидејќи учениците имаат проблем да го гледаат времето на традиционалниот часовник.

Децата би требало да знаат како да читаат аналоген часовник до својата седма година, но се чини дека многу деца во Велика Британија брзо ја забораваат оваа вештина.

Наставниците се загрижени бидејќи децата погрешно го пресметуваат времето што останува за време на испитите или губат драгоцено време броејќи го.

„Свесни сме дека некои училишта ги заменуваат аналогните часовници со дигитални. Младите кои полагаат испити се воспитани во дигитална ера и многумина едноставно не гледаат аналогни часовници како што беше вообичаено кај постарите генерации“, рече Џеф Бартон, генерален секретар на Здружението на директори и декани .

Дигиталните часовници на паметните телефони се главен двигател кај младите луѓе, а аналогните часовници, за жал, бавно но сигурно ја губат битката со нив.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде