Vrabotuvanje.com - Венеција го одложи наплатувањето влезници за посета на градот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Венеција го одложи наплатувањето влезници за посета на градот

Венеција го одложи наплатувањето влезници за посета на градот

Туристичките власти изјавиле во јули дека посетителите кои што доаѓаат за еден ден ќе треба да ја резервираат својата посета на градот преку Интернет од 16 јануари 2023 година и да платат помеѓу три и 10 евра за да влезат, во обид да го контролираат влезот во градот.

Но, портпаролот на градоначалникот рече дека градскиот совет сè уште не ги одобрил потребните прописи, што значи дека датумот за почеток ќе мора да се одложи. Процесот ќе трае најмалку шест месеци, додаде тој. Планот, кој првпат беше објавен во 2019 година, првично беше одложен поради Ковид-19, што ги оддалечи туристите.

Сепак, оваа година има обновен прилив на туристи во Венеција, а бидејќи посетителите често се побројни од 50.000 жители на центарот на градот, преплавувајќи ги тесните улички, наплатата на дневните билети повторно е на агендата на градоначалникот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде