Vrabotuvanje.com - Најавени 1300 вработувања! Кои се MAGNA?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Најавени 1300 вработувања! Кои се MAGNA?

Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.300 вработени и инвестиција од вкупно 39 милиони евра

Најавени 1300 вработувања! Кои се MAGNA?

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Компанијата Магна дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти и е единствениот добавувач на автомобилски делови кој истовремено и склопува комплетни возила. Компанијата може да произведе цело тело на возило, шасија, внатрешнот, надворешност, седишта, погонски механизам, електроника, прегледност, затворање и кровни системи и модули, како и инженеринг на комплетно возило и производство за други брендови (contract manufacturing). 

21649

Магна се протега на пет континенти и 28 земји, што ни дава глобален отпечаток за да можеме да го поддржиме секој голем производител на автомобили во светот. Глобалното седиште на Магна е во Аурора, Онтарио, Канада, а европската централа на Магна е во Виена, Австрија.

Неодамна, официјално почна со работа и во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.300 вработени и инвестиција од вкупно 39 милиони евра. Во моментот работат 324 лица и со тест производството, кое трае повеќе од една година, заклучно со септември остварен е износ од над 13 милиони денари.

Инвестицијата во Струга, е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за економијата.

Во моментов, Магна вработува на следната работна позиција: 

Оператор во производство
линк за повеќе детали и аплицирање

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде