Vrabotuvanje.com - Последен рок за аплицирање во турската компанија Чагатај Кабло - вработуваме Процесен инженер!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Последен рок за аплицирање во турската компанија Чагатај Кабло - вработуваме Процесен инженер!

Последен рок за аплицирање во турската компанија Чагатај Кабло - вработуваме Процесен инженер!

Турската компанија Чагатај Кабло е основана во 1998 година за производство на жици, кабли и инсталации претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини чистачи и специјални аеродромски возила. Од 2018 година освен фабриката во Турција, Чагатај Кабло има производствени капацитети и во Р.С. Македонија.  

Фабриката на Чагатај Кабло која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за следната работна позиција:

ИНЖЕНЕР ЗА ПРОЦЕС
Сите детали погледнете ги на линкот

Вашите одговорности на оваа позиција се следните:

  • Организирање, спроведување и одржување на протокот на производниот процес;
  • Имплементација на нови концепти, распоред и инвентар;
  • Обука на персоналот за новите развојни процеси и технологии;
  • Истражување на проблемите на процесот кои влијаат на производството;
  • Постојано учење со цел зголемување на квалитетот, продуктивноста и ефикасноста.
  • Водење или поддршка на проекти како што се ново лансирање, нова опрема, преместување или промени и дополнувања на постоечката опрема.

Потребни квалификации:

  • Минимум 2 години искуство во автомобилската индустрија;
  • Диплома за Индустриско инженерство или електротехника;
  • Одлични технички вештини;
  • Познавањето на турски јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на IATF16949, Lean Manufacturing, шест сигма и ISO методологија (ќе се смета за предност);
  • Вештини на AutoCAD (ќе се смета за предност);​

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде