Vrabotuvanje.com - Сè помалку Англичани можат да си дозволат англиски појадок
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сè помалку Англичани можат да си дозволат англиски појадок

Познатиот англиски појадок поскапе за речиси 20 отсто, бидејќи цената на основните состојки порасна поради највисоката инфлација во Велика Британија во последните 40 години, објави Блумберг.

Сè помалку Англичани можат да си дозволат англиски појадок

Според месечниот индекс, цените на млекото во Британија пораснале за 51 отсто, а путерот за 31 отсто. Па така просечната цена на еден англиски појадок се зголеми за 19,5 отсто на годишно ниво на 32,98 фунти, од 28,42 фунти.

Индексот ги анализира податоците од Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија за основната храна која традиционално се користи за приготвување појадок - јајца, млеко, колбаси, сланина, леб, путер, домати, печурки, чај и кафе.

Мерката покажува како спиралната инфлација влијае на илјадници домаќинства кои се борат да платат за основните работи.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде