Vrabotuvanje.com - Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители

Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители

Во 2022 година Собранието го посетиле 6027 посетители во рамките на 169 организирани тури, информираше Парламентарниот институт.

Со одржаните две обиколки оваа недела, достигната е бројката од 6.027 посетители на законодавниот дом во 2022 година. Во рамките на 169 организирани тури годинава, посетителите имаа можност да се запознаат со внатрешноста на законодавниот дом и најрепрезентативните простории, да научат за историјата, организацијата и функционирањето на Собранието и да видат каде работат пратениците. Им благодариме на сите посетители кои беа дел од нашите обиколки, се посочува во објавата на Парламентарниуот институт на Фејсбук.

Собранието го посетуваат ученици од основните и средните училишта, студенти, граѓани…

Собранието со претходна најава може да се посети во петок или во одредени часови во вторник и во четврток.

-Турите се реализираат за време на отворените денови – секој петок (термини на секој час од 9 до 15 часот) или од вторник до четврток во терминот од 9 до 10 часот. Доколку сте заинтересирани да бидете дел од организираните тури, одберете си термин кој ви одговара и испратете порака на овој профил, јавете се на телефонскиот број 02/3182 227 или на е-маил: parl.inst@sobranie.mk и договорете ја Вашата посета, се посочува во објавата на Парламентарниот институт.

Извор: 24info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде