Vrabotuvanje.com - Турскиот готвач се пофали - 170.000 долари за една вечера!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Турскиот готвач се пофали - 170.000 долари за една вечера!

Светски познатиот турски готвач, Нусрет Гокче, познат под прекарот „Salt Bae“, објави фотографија од износот на сметката од неговиот ресторан „Нусрет галерија“ во Абу Даби. На сметката се гледа дека гостите на само една маса платиле речиси 170.000 долари.

Турскиот готвач се пофали - 170.000 долари за една вечера!

На сметката било наведено дека вечерата е за 14 лица.

Некои од јадењата што биле нарачaни се следните: говедско карпачо, бифтек „златен Отоман“, бифтек „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино „Петрус“, коктели „Негрони“, коњак „Луј Тринаесетти“.

“Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.

“Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг.

“Тие не го плаќаат квалитетот на твојата храна туку сопствената глупавост“, гласи еден од револтираните коментари.

На таквите коментари одговори и самиот Салт Бае: “Квалитетот никогаш не е скап“, порача славниот готвач.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде