Vrabotuvanje.com - Германски град го намалува греењето во канцелариите, на вработените им дели бесплатни зимски јакни
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Германски град го намалува греењето во канцелариите, на вработените им дели бесплатни зимски јакни

Поради енергетската криза многу компании, официјални претставници и администрации ги ставија греалките на минимум. Во Филинген-Швенинген, температурите во канцелариите се намалуваат до 19 степени Целзиусови.

Германски град го намалува греењето во канцелариите, на вработените им дели бесплатни зимски јакни

Градот Филинген-Швенинген во југозападниот дел на Германија зимава воведува мерки за заштеда на енергија, поради што го намалува греењето во јавните установи и на вработените им нуди бесплатни зимски јакни.

За на работниците да не им биде студено, градот нарача околу 1.600 сиви јакни со грбот на градот по цена од 28,50 евра од јакна.

Банката „Крајшпаркасе“ во соседниот град Лудвигсбург, исто така, на вработените им обезбеди зимска облека. Обезбедена е униформирана јакна и црни зимски ракавици бидејќи и овде температурата во работните простории е спуштена на 19 степени Целзиусови.

Синдикатот ИГ-Метал во Ројтлинген и Штутгарт го критикуваше намалувањето на температурите во работните простории.

Ралф Џастер, секретарот на синдикатот ИГ-Метал во Ројтлинген, изјави дека јакните не помагаат при студени стапала и додаде: „Работата на тастаура со ракавици не е изводлива.“

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде