Vrabotuvanje.com - Во српски град живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во српски град живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот

Во српски град живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот

Во српскиот град Суботица живеат најмногу сопственици на криптовалути на Балканот.

Некои луѓе од Суботица веќе се запознаени со термини како криптовалута, блокчејн, токенизација. Суботица е значително над просекот, а Чачак е исто така доста различен од остатокот од Србија.

„Суботица е прва на Балканот по бројот на сопственици на криптовалути. Овој град е за 2,4 отсто повисок од Белград“, вели во интервјуто Иван Андрејевиќ, ко-основач на CTB Крпто & Консалтинг, коавтор на книгата „Крипто револуција“ и основач на најголемата Фејсбук група во Србија „Крипто трговци Балкан“, објави Данас.

Инаку, Косово повеќе од една година најавува закон за регулирање на пазарот и активноста со криптовалутите. Но, до сега официјална верзија не стигнала во Собранието, пренесува албански Топчанел.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде