Vrabotuvanje.com - Во подготовките на Мундијалот во Катар загинале меѓу 400 и 500 сезонски работници
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во подготовките на Мундијалот во Катар загинале меѓу 400 и 500 сезонски работници

Помеѓу 400 и 500 сезонски работници ги загубија животите за време на работата за организацијата на Светското првенство во Катар, изјави катарскиот функционер вклучен во организацијата на првенството.

Во подготовките на Мундијалот во Катар загинале меѓу 400 и 500 сезонски работници

Врховниот комитет е задолжен за изградба на стадиони и друга инфраструктура откако Катар го освои шампионатот, а единствената информација досега беше дека  околу 400 сезонски работници ги загубија животите од 2014 до крајот на 2021 година.

Според комитетот, 37 смртни случаи не биле директно поврзани со работата, како што е срцев удар, додека три смртни случаи се случиле надвор од работното место.

Катар се најде на удар на активистите за човекови права, кои тврдат дека сезонските работници работат во лоши услови на високи температури во пустината, се дискриминирани и имаат проблеми со платата и прекувремената работа.

За Светското првенство во Катар беа изградени стадиони, метро линии и инфраструктура во вредност од 200 милијарди долари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде