Vrabotuvanje.com - Село во кое нема казни за паркирање и упорни продавачи, а може да се изнајми - цело!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Село во кое нема казни за паркирање и упорни продавачи, а може да се изнајми - цело!

Цело италијанско село е достапно за изнајмување, а едно ноќевање на таа локација чини околу 10 евра по лице.

Село во кое нема казни за паркирање и упорни продавачи, а може да се изнајми - цело!

Прекрасната општина Петриоло на источниот брег на Италија има замок и театар и може да прими околу 50 до 200 луѓе.

Селото обично се издава за венчавки, забави или други големи настани. На располагање се вкупно 98 спални соби, а нивната резервација е околу 1.500 евра од ноќ.

На располагање се вкупно 98 спални соби, а нивната резервација изнесува околу 1.500 евра од ноќ.

Селото е скриено и ги нема типичните карактеристики на туризмот. Без повеќејазични менија, без казни за паркирање и без упорни продавачи.

Замок со базени, театар за импровизирани претстави...

Во ова село се наоѓа и замокот Palazzo Mannocchi со базени и градини, а се наоѓа на 300 метри надморска височина. Во Петриол се наоѓа и барокниот театар Ирид, каде се изведуваат импровизирани претстави за туристите.

Покрај тоа, селото има сали со фрески, неколку плоштади, ресторани, барови, винарии и продавници. Бидејќи Петриоло не е големо место, сè е на неколку минути пешачење.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде