Vrabotuvanje.com - „Тесна кожа“ на германски начин: Секој десетти живее во преполн стан
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Тесна кожа“ на германски начин: Секој десетти живее во преполн стан

Просечната стапка на населението што живее во премали станови во Европа е 17,1 отсто значително повисока отколку во Германија. Најтешко им е на Романците и Летонците, а најмногу простор во станот имаат Малтежаните и Кипарците.

„Тесна кожа“ на германски начин: Секој десетти живее во преполн стан

Според податоците од истражувањето за приходите и условите за живот во Европската унија од минатата година, 15,9 отсто од домаќинствата со деца не живееле во доволно пространи станови.

По правило, колку повеќе деца има во семејството, толку е поизразен проблемот со просторот за живеење, па речиси една третина од семејствата со најмалку три деца, 30,9 отсто од нив, живеат во премали станови. Исто е и со 28,4 отсто од домаќинствата на самохрани родители со деца.

Секој стан е премал без доволно соби за бројот на членови на домаќинството. Статистички, бројот на потребните соби варира, на пример во зависност од возраста и полот на децата или од семејните односи меѓу возрасните членови на домаќинството.

Животниот простор е особено редок во големите градови, каде 15,5 отсто од домаќинствата живеат во преполни станови. Многу подобра е состојбата во помалите градови и села, со учество од 8,6 и 4,9 отсто.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде