Vrabotuvanje.com - Еве како изгледа кога балканец ги пресметува трошоците за живот во Германија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Еве како изгледа кога балканец ги пресметува трошоците за живот во Германија

На YouTube е објавено видео за тоа колку чини да се живее во Германија, а сето тоа се базира на лично искуство од живеењето во таа земја. Во него се зборува за трошоците на четиричлено семејство, во кое заедно работат тој и неговата сопруга.

Еве како изгледа кога балканец ги пресметува трошоците за живот во Германија

Направил список на сите месечни приходи и расходи, а вклучил и дополнителни трошоци како цигари.

– Ако работат мажот и жената, месечно заработуваат околу 4.500 евра. Зедов просек, секако има брачни парови кои заработуваат повеќе. Ако се на повисока позиција, во силна компанија, како што е Бош, тогаш имаат пет и пол илјади евра, но има и такви што заработуваат помалку, па тоа е добар просек. Детскиот додаток за две деца изнесува 440 евра, така што приходите на просечното домаќинство се вкупно 4940 евра – вели тој.

Тој објасни дека за изнајмување стан мора да се издвојат околу 1.200 евра, додека комуналиите чинат околу 250 евра. Месечниот надоместок за храна е околу илјада евра.

Зборуваше и за цигарите.

– Кутија од 20 цигари чини осум евра, ако ги купувате секој ден ќе потрошите 240 евра месечно или 480 евра ако има двајца пушачи во семејството. Тогаш сте во минус и треба да барате дополнителна работа за тој трошок – вели тој.

За да одите на годишен одмор треба секој месец да издвојувате околу 500 евра за да заштедите доволно, но тврди и дека пензијата може да биде многу добра во Германија и дека можете да заработите со продажба на стан или инвестирање во животно осигурување.

Видеото погледнете го на ЛИНКОТ.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде