Vrabotuvanje.com - Пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците

Пијаните возачи ќе добијат бесплатно такси за празниците

Во Дубровник пијаните возачи ќе можат да добијат бесплатно такси за празниците. Ваквата акција ја организира здружението за безбедност во сообраќајот „Сино такси“ и е наречена „Ако пиеш, не вози, само јави се“, при што возачите во градот кои не сакаат да седнат зад волан пијани ќе можат да користат такси без да платат.

– Кога зборуваме за млади возачи, морам да кажам дека комбинацијата на алкохол, младост, желба за докажување и адреналин доведува до најсериозни последици, изјави за ХРТ, Денис Павела од Здружението за безбедност во сообраќајот.

Веќе четврта година по иницијатива на Здружението за безбедност во сообраќајот се спроведува бесплатна акција во петок и сабота. Од 21 часот до полноќ таксистите бесплатно ќе превезуваат пијани возачи на повик.

извор: skopskoeho.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде