Vrabotuvanje.com - Го гледал Светското првенство на телевизор во излог, а подоцна се случи чудо!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Го гледал Светското првенство на телевизор во излог, а подоцна се случи чудо!

Го гледал Светското првенство на телевизор во излог, а подоцна се случи чудо!

83-годишниот Карлос Бехар од Аргентина ги стопи срцата на локалната јавност откако на социјалните мрежи се рашири фотографија на која го гледал полуфиналето на Светското првенство и тоа верувале или не, на телевизор во излог.

Случаен минувач го фотографирал господинот како седи сам на столот на преклоп кој го поставил на тротоарот, веднаш пред продавница за електроника и внимателно го следи текот на натпреварот кој заврши со победа на Аргентина.

Фотографијата набрзо стана вирална, а една девојка која ја објави прва ја означи продавницата со реченицата: „Треба да му купиме телевизор“.

И така таа започна вистинска кампања.

Нејзината објава ја споделиле повеќе од 5.000 корисници на Твитер, а потоа продавницата се вклучила во акцијата и одлучила на господинот да му подари телевизор, пренесуваат тамошните медиуми.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде