Vrabotuvanje.com - Во Романија луѓето масовно прават чучњеви на улица - причината е генијална
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Романија луѓето масовно прават чучњеви на улица - причината е генијална

Многу земји ширум светот го промовираат и поттикнуваат користењето на јавниот превоз за да се спречи загадувањето на воздухот.

Во Романија луѓето масовно прават чучњеви на улица - причината е генијална

Сепак, Романија излезе со единствена техника која истовремено го поттикнува и физичкото здравје и користењето на јавниот превоз. Неодамна на Инстаграм беше објавено слика на која се гледа како жена прави 20 сковотови пред автобуска станица. Откако завршува со активноста, машината ѝ дава бесплатен автобуски билет. Се гледа дека машината пред неа брои колку "чучњеви" прави и ги прикажува на екранот. Оваа кампања беше лансирана минатата година, но сега се прошири низ социјалните мрежи.

Имаше многу коментари и луѓето главно беа воодушевени од акцијата, а имаше и духовити од типот на: „Имате ли некоја шема за авионски билети?“

Доколку практикувате, прочитајте: Како Зумба стана најголем фитнес бренд во светот?

Оваа единствена иницијатива е дел од романскиот спортски фестивал, а бесплатната карта се вика „Здравствена картичка“. Како што е наведено на официјалната веб-страница на Спортскиот фестивал, Health Ticket ја комбинира технологијата со движењето и прави директна врска помеѓу физичката активност и добиената симболична корист.

Избраните вежби се лесни, модифицирани на тој начин што поединецот може да ги воведе во својата секојдневна рутина. Патниците можат да добијат бесплатни автобуски билети со правење 20 сквотови кои треба да ги направат за 2 минути.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде