Vrabotuvanje.com - Еве колку изнесува просечната плата во октомври!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Еве колку изнесува просечната плата во октомври!

Еве колку изнесува просечната плата во октомври!

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33.104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).

ПРОЧИТАЈТЕ: Од Март: Со минимална плата месечно и до 40 000 денари?!

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49.585 денари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде