Vrabotuvanje.com - Лозинки кои воопшто не ве штитат: Ако имате една од овие 15 - сменете ја што е можно побрзо
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Лозинки кои воопшто не ве штитат: Ако имате една од овие 15 - сменете ја што е можно побрзо

Најчести се и затоа најлесно се откриваат...

Лозинки кои воопшто не ве штитат: Ако имате една од овие 15 - сменете ја што е можно побрзо

Прочитајте: Споделувањето на лозинките за Netflix е кршење на законот!?

Секоја година се објавува листа од најлошите лозинки кои можеш да ги користиш како заштита на приватноста. Информатичките експерти креираа листа со најчести лозинки, кои според тоа се и најмалку сигурни.

„Nord Pass“ е страница која секоја година редоволно ни држи лекции за безбедноста на Интернет, а кои многумина не сакаат да ги послушаат. И потоа завршуваат како жртви на хакери. Креирањето лозинки може да биде малку незгодно, бидејќи денес истите се потребни скоро за сѐ - и кој ќе запамети сето тоа. Особено ако секогаш поставуваш некои комплицирани.

За некои лозинки редовно се предупредуваат луѓето да не ги користат, бидејќи не се безбедни. На хакерите им е потребно помалку од секунда за да погодат некоја од овие 15 лозинки. Освен тоа, а ко било кој друг ќе се обиде да влезе на твојот профил заштитен со лозинка, големи се шансите дека прво ќе испроба некоја од овие. Зошто? Бидејќи тие лозинки луѓето најчесто ги користат. И според тоа се најмалку безбедни. Доколку и ти имаш некоја од овие 15 - веднаш промени ја.

# password

# 123456

# 123456789

# Guest

# Qwerty

# 12345678

# 111111

# 12345

# col123456

# 123123

# 1234567

# 1234

# 1234567890

# 000000

# 555555

Извор: hashtag.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде