Vrabotuvanje.com - Дали би платиле 25.000 евра за новогодишна елка?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали би платиле 25.000 евра за новогодишна елка?

Познатиот ски-центар Оберстдорф е мета на остри критики поради елка вредна речиси 25.000 евра.

Дали би платиле 25.000 евра за новогодишна елка?

Корисниците на Твитер покажаа малку разбирање за таквиот потег. „Декаденција во (баварскиот регион) Алгау“, напиша еден корисник на твитер. Друг пак праша „колку покорисно можеше да се направи со речиси 25.000 евра“.

Според весникот „Алгојер цајтунг“, општината и наредила на една фирма да испорача новогодишна елка за 24.850 евра. Дрвото потоа се транспортирало низ речиси половина Германија.

Во претходните години, општинските комунални претпријатија на Оберстдорф сами ја избраа елката во областа и ја поставија на градскиот плоштад.

Но, според тврдењата на општинската администрација, тоа веќе не е можно од безбедносни причини, пишува весникот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде