Vrabotuvanje.com - Кој е најмоќниот човек на Катар кој го прегрнуваше Меси како мало дете? Првата сопруга му е роднина, а за неговата мајка зборува цел свет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кој е најмоќниот човек на Катар кој го прегрнуваше Меси како мало дете? Првата сопруга му е роднина, а за неговата мајка зборува цел свет

Како што знаеме, Аргентина е новиот светски првак во фудбал, по возбудливото финале на Светското првенство кое го одиграа против Франција.

Кој е најмоќниот човек на Катар кој го прегрнуваше Меси како мало дете? Првата сопруга му е роднина, а за неговата мајка зборува цел свет

Би можело да ве интересира: За да не биде тажен што Меси освои СП, Георгина на Роналдо му купи „подароче (ФОТО)

Во текот на траењето на Мундијалот очите на јавноста беа насочени кон најмоќниот човек на Катар – катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани (42).

Животот на најмоќниот човек на оваа држава со години ја интригира јавноста.

Ал Тани е четвртиот син на поранешниот катарски емир и неговата втора сопруга. Иако не бил прв во редот да го преземе престолот, благодарение на своите способности, успеал да се избори за тоа место.

И пред да ја преземе функцијата на својот татко, емирот се занимавал со политика, но не бил на високи функции, а се школувал во Велика Британија, па дипломирал на британската воена академија како еден од најдобрите студенти. Кога ја завршил академијата се вратил во татковината и служел војска.

Во 2005 година стапил во првиот брак со сопругата со која единствено се појавува во јавноста. Како што наведуваат тамошните медиуми, тие двајца се братучеди, а од бракот со неа тој има четири деца – две ќерки и двајца синови.

Во 2009 година стапил во вториот брак со ќерката на поранешниот амбасадор во Јордан. Таа му родила три ќерки и двајца синови. Третата сопруга му родила уште тројца синови и ќерка.

Особено е интересна прекрасната и образувана мајка на емирот, Моза бин Насер која е една од најмоќните жени во нивната земја.

Моза студирала на факултет во Катар и дипломирала социологија девет години во венчавката. Моза иницирала изградба на многу образовни институции поради што добила седум почесни докторати. Таа често е присутна во јавноста затоа што сопругот го следи на официјалните патувања и таа е единствената сопруга на која тоа ѝ е дозволено.

Во текот на јавните појавувања таа привлекува многу внимание со својот беспрекорен стил и став. Своевремено за стилот на Моза пишувал и угледниот „Vogue“ којшто ја сместил меѓу петте најдобро облечени жени на светот.

Магазинот „Vanity Fair“ пишуваше дека е најдобро облечена дама со сина крв, а познатиот дизајнер на луксузниот бренд „Givenchy“ ја нарече втората Џеки Кенеди.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде