Vrabotuvanje.com - Казна од 9.000 евра за покажување среден прст?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Казна од 9.000 евра за покажување среден прст?

Германскиот суд осуди пратеник на парична казна од вкупно 9.000 евра.

Казна од 9.000 евра за покажување среден прст?

Казната му е изречена затоа што во една продавница на барањето на вработен да стави маска одговорил со покажување на среден прст.

Мартин Ренер (68) всушност бил осуден на 30 дена затвор, но судот ја претворил во парична казна по курс од 300 евра дневно, потврди портпаролот на судот.

Во обвинението стои дека Ренер  навредливо им покажал „среден прст“ на продавачката и сопственикот на продавницата во малиот град Хан. Според наводите, тие претходно побарале од него да носи соодветна маска, наместо обична платнена, според правилата на пандемијата.

Пресудата не е правосилна и осудениот има рок од две недели да поднесе жалба.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде