Vrabotuvanje.com - Германец спиел зад волан додека полицијата ја бркала неговата Tesla
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Германец спиел зад волан додека полицијата ја бркала неговата Tesla

Прилично бизарна приказна ни доаѓа од Германија за возач на електричен автомобил Tesla кој заспал зад воланот и предизвикал полициска потера.

Германец спиел зад волан додека полицијата ја бркала неговата Tesla

Автомобилите на Tesla понекогаш можат да бидат вистинска опасност на патот, а една таква приказна ни доаѓа од близината на Бамберг, каде што возач на автомобил Tesla го препуштил возењето на паметниот систем за автономно возење и предизвикал 15-минутна потера.

„Возачот околу пладне се движел по автопатот А70 од Бамберг кон Бајројт, кога полициската патрола сакала да го подложи на редовна сообраќајна контрола“, се вели во полицискиот извештај. „Тој не одговори на командите да застане и на сирените на службениците“.

Во извештајот се наведува дека електричниот автомобил го држел истото растојание од патролното возило во поголемиот дел од потерата, а кога полицијата конечно го стигнала, го видела возачот „со затворени очи, потпрен назад на седиштето“ и дека неговите раце не биле на воланот.

По 15-минутна бркотница на автопатот со пуштени сирени, возачот конечно се разбудил и го запрел возилото. Полицијата соопшти дека 45-годишниот маж во автомобилот Tesla „прикажал абнормалности типични за употреба на дрога“, што сугерира дека бил под дејство на некоја супстанца.

Полицијата пронашла и тег за волан во просторот за нозете, што објаснува како функционирал автопилотот кога рацете на возачот не биле на воланот. Имено, „тег на волан“ е производ што го продаваат независни трговци на мало, кој се прикачува на воланот за да го измами автомобилот дека возачот го држи воланот.

Во извештајот се наведува дека против возачот на автомобилот Tesla е покрената прелиминарна истрага за загрозување на патниот сообраќај. Во меѓувреме, возачот морал да ја предаде возачката дозвола додека се чека конечната одлука на судот.

Извор: kajgana.com

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде