Vrabotuvanje.com - Со часови седат на минус 20 степени, а се поради една работа - наградата е 3.145 евра!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Со часови седат на минус 20 степени, а се поради една работа - наградата е 3.145 евра!

За време на седењето на мраз во овој шведски град луѓето не смеат да гледаат ниту во телефонот за "побрзо да им минува времето".

Со часови седат на минус 20 степени, а се поради една работа - наградата е  3.145 евра!

"Isstolpsittning" или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина. Ова натпреварување во Шведска се организира во февруари секоја година во рамките на манифестацијата "Vilhelmina Vinter Veekend". Добро обучените натпреварувачи се качуваат на скали до ледениот трон висок околу два и пол метри и седат на него 51 час за да победат. На неколку часа им е дозволено да се симнат на околу 10 минути и да користат тоалет.

Не само што мораат да издржат ниски температури во текот на тешката задача, кои во февруари во Шведска можат да паднат и до минус 20 степени, туку не им е дозволено да гледаат ни во телефонот или сличен електронски уред.

"Isstolpsittning" е физички и ментален предизвик а телото и духот. Најтешкиот дел од натпреварувањето е кога ќе падне мрак, а очите на натпреварувачите почнуваат да се затвораат. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не паднат од ледениот трон и да бидат дисквалификувани. Победник е оној што седи на ледениот трон и по истекот на 51. час и освојува 3.145 евра.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде