Vrabotuvanje.com - Ова се најчестите грешки при подготовка на кафе
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ова се најчестите грешки при подготовка на кафе

Сите сакаме да пиеме вкусно и квалитетно кафе, но најчесто поради нешто, кафето не ни успева. Ова се најчестите грешки при подготовка на кафето.

Ова се најчестите грешки при подготовка на кафе

Преварено кафе

Кога кафето има горчлив вкус, тоа е знак дека е преварено. Понекогаш виновник за тоа е садот во кој го подготвувате, па едноставно заменете го со поквалитетен. 

Претопла вода 

Употреба на вода со идеална температура е клучна за да се добие добар вкус на кафето. Идеалната температура на варење е 100 степени, бидејќи со неа се добива најдобра арома и совршен вкус.

Количината на кафе и вода 

За идеално кафе, треба да користите две лажички кафе и 180 мл вода. Секако, доколку сакате појак вкус, можете да додадете повеќе кафе или обратно. 

Се бира евтино кафе

Добро е човек да биде штедлив, но се случува евтините зрна кафе да бидат и најслаби. Наместо да купувате кафе по најниски цени, заштедете пари така што ќе намалите со пиење кафе во кафулиња и кафеани.

Кафето не го чувате правилно

Ако сакате да ја зачувате свежината на кафето, чувајте го во херметички затворена амбалажа на студено и темно место. Стаклените и керамичките садови се најдобри за тоа.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде