Vrabotuvanje.com - Босна и Херцеговина го произведе првото електрично возило
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Босна и Херцеговина го произведе првото електрично возило

Босна и Херцеговина го произведе првото електрично возило

Босна и Херцеговина се најде на листата со земји чии инженери осмислиле и финансирале електрично возило од домашно производство. Имено, група инженери од фабрикатаза машини во Травник, GS изминатите две години работеле на дизајнот, проектирањето и финализацијата на првото електрично возило од босанско производство.

EVO е првото возило на електричен пого дизајнирано и произведено во БиХ. На финалната изработка на возилотот работел тимот инженери од фабриката GS, која веќе е препознатливо име на европскиот пазар.

Станува збор за лесно возило за достава, со досег од околу 100км. Сите делови од автомобилот се произведени во БиХ, што значи ова е првиот 100% босански производ од овој тип. На возилото работеле развојни, машински и електроинженери, како и индустриски дизајнери.

Прочитајте повеќе на тема: Ќе се ограничи движењето на возилата што загадуваат повеќе: Ќе се даваат еколошки налепници

Намената на возилото е достава на товар до крајната дестинација, а носивоста е 300 кг. Една од реномираните германски логистички компании веќ нарачала возила EVO. Се проценува дека побарувачката за ваков тип на возила во блиска иднина ќе биде огромна, што е голема рпилика за босанската компанија.

До средината на оваа година возилото EVO би требало да ги помине сите потребни тестирања, а до крајот на годината да добие и дозвола за сериско производство, за што веќе е оодготвена современа хала од 3.200 квадратни метри во кругот на фабриката за машини GS.

извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде