Vrabotuvanje.com - Знаете ли зошто се слави Стара Нова година? Ова ќе ве изненади!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Знаете ли зошто се слави Стара Нова година? Ова ќе ве изненади!

Според Јулијанскиот календар, новата година година започнува на 14 јануари од Грегоријанскиот календар.

Знаете ли зошто се слави Стара Нова година? Ова ќе ве изненади!

Би можело да ве интересира: 10 причини зошто јануари ни се чини како најдолг месец во годината

На 1 јануари се дочекува Новата година, но покрај тоа се празнува и Обрезание Господово и Свети Василиј Велики.

Кај земјите кои го имаат прифатено Јулијанскиот календар, 1 јануари претставува државен празник, но верските празници Обрезание Господово и Свети Василиј Велики се празнуваат на 14 јануари. Оттука доаѓа и терминот Стара Нова година, која се дочекува на 13 јануари.

1 јануари е општоприфатен низ светот како почеток на новата година низ светот, многу христијански верници сметаат дека 1 јануари е само формалност и дека токму на 14 јануари за нив почнува новата година.

Оваа традиција се негува во Македонија, Србија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Русија, Ерусалим, но и во некои германски кантони во Швајцарија и во некои делови на Галската заедница во Шкотска.

Кај нас се слави со традицинално кршење на кравајче  со паричка и се смета дека оној кај  кого се падне паричката, цела година ќе го следи среќа и успех.

Извор: aktuelnosti.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде