Vrabotuvanje.com - Која професија не може да ја замени роботот - ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Која професија не може да ја замени роботот - ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ!

Роботите полека навлегуваат во сите сфери од нашиот живот, а неодамна вработените стравуваат дека роботите ќе ги заменат и на работното место.

Која професија не може да ја замени роботот - ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ!

Стравот е оправдан, бидејќи ако му се верува на истражувањето на американската агенција Expert Market, шефот со задоволство би ве заменил со робот.

Дури 70% од менаџерите би вработиле робот во својот тим, а половина од испитаниците не би се чувствувале виновни доколку ги заменат луѓето со вештачка интелигенција.

Шефовите веруваат дека машините се подобри од луѓето во администрацијата, одговарајќи на е-пошта, телефонски повици и пишувајќи извештаи.

Би ве интересирало: Најлошите 10 работи кои шефовите не можат да ги поднесат кај своите вработени

Не само што се поефикасни во извршувањето на задачите, гарантирајќи постојано високо и урамнотежено ниво на работа, туку не би заминале на одмор, боледување или отказ во незгоден момент.

Роботите се добредојдени и во ИТ секторот и во финансиите, додека вработените во креативните индустрии како што се маркетингот и дизајнот засега не треба да се грижат бидејќи испитаниците велат дека машините нема да можат да ги заменат луѓето таму.

Според експертите на истражувањето, роботите не можат да заменат друга професија , а тоа се ШЕФОВИТЕ.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде