Vrabotuvanje.com - Поминал на црвено за да направи место за Брза помош, па добил казна
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Поминал на црвено за да направи место за Брза помош, па добил казна

Поминал на црвено за да направи место за Брза помош, па добил казна

Камерата го фатила како поминува низ црвено светло само една секунда откако се сменило од жолто. Брзата помош се приближувала со запалени сини светла зад него, а Френк тогаш сфатил дека нема друг избор освен да тргне напред и да ја пушти да помине.

Френк останал непријатно изненаден кога полицијата му изрекла казна од 100 фунти и три поени и покрај тоа што само предниот дел од неговото БМВ ја преминал белата линија.

Пензионерот ја обжалил казната, но речиси една година останал без одговор. Сега му е кажано дека мора да се појави во Судот на Нотингем на 14 февруари доколку сака да ја оспори казната.

ПРОЧИТАЈТЕ: Забрана има – ама не се почитува, се пуши и во затворено – најавени зголемени контроли

"Тие ме третираат како криминалец, а јас не направив ништо лошо. Ако беше брзината, ќе сфатев. Наместо тоа, ме казнуваат што ја направив вистинската работа. Алтернативата беше да се блокира и да се забави брзата помош", рече Френк. .

Инаку, во Британија камерите се прикачени на бројни семафори и автоматски ги фотографираат сите возила кои поминуваат откако ќе се вклучи црвеното светло.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде