Vrabotuvanje.com - Никола Тесла имал ист појадок секој ден бидејќи верувал дека му дава сила
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Никола Тесла имал ист појадок секој ден бидејќи верувал дека му дава сила

Никола Тесла имал ист појадок секој ден бидејќи верувал дека му дава сила

Би можело да ве интересира: Тесла јадел месо два пати годишно, еве зошто

Никола Тесла многу внимавал на тоа што јаде бидејќи сметал дека тоа е важно за што подолго да остане активен.

Во својата книга „My Inventions: The Autobiography of Nikola Tesla“ навел дека обично појадува млеко и јајца, ручекот го прескокнувал, а особено обожувал чорба од зеленчук.

„Најважниот елемент на мојата животна шема е мојата исхрана. Не можете да очекувате машина добро да функционира ако не ѝ обезбедите соодветно гориво“, говорел Тесла, но и истакнувал дека со текот на времето сфатил дека два оброци дневно се сосема доволни.

„Консумирањето два оброци на ден ми го подобрија здравјето и ми го изострија апетитот и вкусот. Не знаев што е живот додека не го исфрлив ручекот од исхраната. Денес на 78 години уживам во своите два оброци во иста мера како кога бев дете на 16 години и немам никакви проблеми со варењето“, се наведува на сајтот „Tesla Universe“.

Обожувал чорба од зеленчук

Како што велел и самиот Тесла, обожувал да пие млеко за појадок бидејќи изобилува со протеини, и јадел јајца особено белки бидејќи се исто така богати со протеини.

„Зеленчукот е неопходен, иако не содржи многу протеини. Не дава многу енергија, но го регулира варењето и му дава витамини на телото. Сакам да јадам фина чорба од кромид и сечкан целер, подготвена на путер. Оваа комбинација лесно се вари и ја јадам со години наназад“.

Тесла го фалел и овошјето, а за шеќерот зборувал дека не е опасен во мали количини со тоа што не смееме да заборавиме дека го има многу во овошјето.

Извор: netpress.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде