Vrabotuvanje.com - Зелена комета ќе прелета утревечер покрај Земјата за прв пат по 50.000 години
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Зелена комета ќе прелета утревечер покрај Земјата за прв пат по 50.000 години

Ретката Зелена комета која орбитира околу Сонцето на секои 50.000 години наскоро ќе прелета покрај нашата планета.

Зелена комета ќе прелета утревечер покрај Земјата за прв пат по 50.000 години

Би можело да ве интересира: Земјата прими радиосигнал испратен од галаксија која е оддалечена 9 милијарди светлосни години

Зелена комета наречена Ц/2022 Е3 утревечер ќе дојде најблиску до Земјата уште од ледената доба. Таа ќе биде на оддалеченост од 42 милиони километри, што е една третина од растојанието меѓу Земјата и Сонцето.

Кометата орбитира околу Сонцето само еднаш на секои 50.000 години, го обиколи Сонцето на 12 јануари и сега се движи кон Земјата на својот излез од Сончевиот Систем. Поради природата на нејзината орбита, можеби никогаш повеќе нема да ја посети внатрешноста на Сончевиот Систем, што значи дека ова би можело да биде последна шанса на човештвото да ја види оваа комета.

Historic event: The green comet will be visible in Earth's sky this week  for the first time in 50,000 years | ArabiaWeather | ArabiaWeather

„Во моментов е невозможно кометата да биде видлива со голо око“, вели Пол Вигерт, професор на катедрата за физика и астрономија при Универзитот Вестерн во Лондон. Сепак, тој рече дека „ќе станува посветла како што ќе се приближува на крајот на јануари“ и ќе може да биде видлива со голо око ако небото е ведро и нема многу светлосно загадување во вашата област.

Се смета дека C/2022 E3 (ZTF) доаѓа од Ортовиот облак, регион околу надворешниот Сончев Систем за кој се смета дека содржи милијарди комети кои се главно во стабилна орбита околу Сонцето.

Дефинитивно вреди да се потрудите да излезете надвор и да ја побарате кометата, особено ако можете да дојдете до потемно мнесто некаде со што е можно помало светлосно загадување.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде