Vrabotuvanje.com - Кратенки на тастатурата со кои ќе си ја олесните рааботата на компјутер
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кратенки на тастатурата со кои ќе си ја олесните рааботата на компјутер

Кога користите компјутер, брзината понекогаш може да биде од суштинско значење. Сепак, дури и кога не сте во брзање, можете да си ја олесните работата на компјутер со Windows.

Кратенки на тастатурата со кои ќе си ја олесните рааботата на компјутер

Можеби ќе ве интересира: Мислите дека знаете што значи „i“ во iPhone? Одговорот може да ве изненади!

Ви донесуваме листа на кратенки на тастатурата, кои би можеле значително да ви ја олеснат работата на платформата Windows и да го намалат времето или бројот на кликнувања.

Не мора да ги запаметите сите, но некои од нив ќе ви бидат навистина корисни и веројатно не сте ни знаеле за многу од нив. Не мора сè да се сведе само на CTRL + C и CTRL + V.

CTRL + F: Пребарај текст

CTRL + Клик / Shift + Клик: Избор на повеќе елементи / содржини

CTRL + A: Изберете ги сите елементи / содржини

CTRL + Shift + N: Креирајте нов фолдер на работната површина или во File Explorer

CTRL + Shift + V: Копирање чист текст

CTRL + SHIFT + T: Враќање затворен таб во прелистувачот

CTRL + D: Bookmark на веб-страница

CTRL + Shift + B / O: Приказ на Bookmark менито

F5 / CTRL + R: Освежување на веб-страницата

CTRL + P: Печатење

R / CTRL + R: Одговор на е-пошта

Shift + Arrow: Означување текст

Shift + Delete: Трајно бришење на фајл, прескокнувајќи ја Recycle Bin

Shift + Space: Бирање ред во Excel

Alt + Tab: Премин од една во друга отворена апликација

Alt + стрелка лево: Движење напред или назад во веб-прелистувачот

Alt + F4: Затворање на активниот прозорец/апликација (ако не постои, се појавува shut-down прозорец)

Alt + S / CTRL + Enter: Испрати е-пошта

Копче Windows + I: Отворање на Settings

Копче Windows + E: Отворање на File Explorer

Копче Windows + A: Отворање на Action center

Копче Windows + D: Прикажување и сокривање на декстоп

Копче Windows + L: Заклучување на компјутерот

Копче Windows + V: Отворање на Clipboard bin

Копче Windows + M: Минимизирање на сите прозорци

Копче Windows + точка (.) или точка-запирка (;): Отворање на панелот за емотикони

Копче Windows + PrtScn: Сликање на целиот екран (Screenshot)

Копче Windows + Shift + S: Сликање на дел од екранот

Копче Windows + стрелка лево: Поместување на целиот прозорец налево

Копче Windows + стрелка десно: Поместување на целиот прозорец надесно

F2: Промена на името на избраниот фајл

Esc: Го затворате она што моментално го правите

Се разбира, ова не се сите кратенки на тастатурата што постојат и кои можете да ги користите на Windows, но меѓу нив сигурно има неколку за кои не сте знаеле и кои можат да ви бидат од помош доколку ги научите и почнете да ги применувате во секојдневната работа.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде