Vrabotuvanje.com - Подароци за Св. Валентин кои нема да го оптеретат вашиот буџет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Подароци за Св. Валентин кои нема да го оптеретат вашиот буџет

Висината на потрошените пари не е мерило за љубов.

Подароци за Св. Валентин кои нема да го оптеретат вашиот буџет

Би можело да ве интересира: Едноставни начини како да се опуштите по напорниот работен ден

Последниве години Св. Валентин, денот на вљубените е до тој степен искомерцијализиран што почна многу скапо и многу помпезно да се одбележува и да се прославува. Не дозволувајте овој начин на комерцијално и скапо прославување да ве заведе. Направете нешто оригинално и креативно – покажете и на саканата личност колку ви значи и колку ја сакате.

Пратете и цвеќе со прикладна честитка на работа. Ако не сакате јавно да се експонирате и да изјавувате љубов, тогаш тоа направете го дома. Може да подготвите ручек, вечера или пак заеднички доручек вокревет. Оброкот не мора да е совршен, важна е намерата, желбата да се угоди (цвеќе,свеќи или понекоја латица).

Организирајте се и договорете се да ви ги чуваат децата (ако ги имате) и заедно погледајѕе некој добар филм со шише добро вино и чоколаден колач.

Измијте го, исчистете го автомобилот на својот сакан/а и оставете му порака или симбол (цвет, срце, балон).

Направете го неговиот/нејзиниот омилен колач/десерт/ручек...

Можете да отидете на прошетка и да прошетате во оние делови од градот кои ви будат заеднички спомени, да отидете на кафе во омилениот локал... сѐ е тоа ок.

Можете по пошта да пратите честитка и некој симболичен подарок. Праќањето по пошта е знак дека сте размислувале за саканиот и сте одвоиле време за убав гест.

Важно е еден на друг да си покажете колку сте си важни.

А уште поважно е ако тоа го направите токму сега, многу порано од Св. Валентин, за потполно да ја изненадите саканата личност и да и покажете дека не ви треба некој празник или одреден ден за да ја искажете својата љубов бидејќи вашето секојдневие со таа личност е момент за славење токму сега, во еден обичен, секојдневен ден.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде