Vrabotuvanje.com - Од која земја доаѓаат најдобрите возачи, а од која најлошите?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од која земја доаѓаат најдобрите возачи, а од која најлошите?

Оваа листа е субјективна бидејќи вештината на возење е тешко да се измери, но сепак има трендови, сообраќајна свест, опасности во сообраќајот... Сето ова се елементи со кои се занимаваа експертите за автомобилско осигурување Compare the Market, кои сакаа да дознаат кои земји имаат најбезбедни и најлоши возачи.

Од која земја доаѓаат најдобрите возачи, а од која најлошите?

За да ја состават листата на најдобри и најлоши држави според овој критериум, тие разгледаа низа фактори, вклучувајќи ги законските ограничувања на алкохол во крвта, квалитетот на патиштата, статусот на темите за безбедност на патиштата на социјалните мрежи и бројот на загинати на патиштата.

Според листата од 50 земји, најбезбедните возачи во светот се Јапонците.

Границата на алкохол во крвта е доста ниска, 0,03 g/dL, слично како Чиле и Чешка, а најпозитивно расположение на социјалните мрежи е кога станува збор за поимите поврзани со возењето (33,4%).

Јапонија го има и четвртото највисоко ниво на квалитет на патиштата на листата, што значи дека генерално е многу безбедна земја не само за возење, туку и за пешаци.

Како што можете да видите, осум од 10-те најбезбедни земји се во Европа, а Холандија е најдобра од земјите од Стариот континент, а на второ место во светот.

Холандија, исто така, го има второто највисоко ниво на квалитет на патиштата, веднаш по Сингапур, а исто така има едно од најниските нивоа на смртни случаи во сообраќајот во светот, мерено на 100.000 жители.

На другиот крај од спектарот, Тајланд беше прогласен за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, 32 на 100.000 луѓе.

Перу е претпоследно, со четврто најлошо ниво на квалитет на патиштата.

Комплетната листа може да ја погледнете овде.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде