Vrabotuvanje.com - Зошто не е добро во возење раката да се држи врз менувачот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Зошто не е добро во возење раката да се држи врз менувачот

Многу возачи имаат навика да ја потпираат раката на менувачот, што не е добро…

Зошто не е добро во возење раката да се држи врз менувачот

Дури и многу прирачници за сопственици на возила наведуваат да не го прават тоа. Постојат неколку причини зошто ова не е добро, офносно е штетно за автомобилот.

Прво, побезбедно е да се вози со двете раце на воланот и второ, може да го оштетите менувачот, што може да доведе до сериозни главоболки. Оваа навика може да предизвика дополнително абење на запчаниците на менувачот.

Вилушката на менувачот може да ги притисне ротирачките делови на менувачот, синхроните прстени, што може да резултира со дополнително абење, пишуваaт стручните портали.

Се препорачува да ги држите двете раце на управувачот  и да ја спуштате десната рака кон менувачот само кога е потребно, односно кога менувате брзини.

Така, ќе покрај тоа што возењето ќе биде побезбедно и побрзо ќе реагирате на сите критични ситуации на патот, ќе го продолжите живетниот век на системот за пренос на силата и на самиот автомобил.

Извор: avtoklub.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде