Vrabotuvanje.com - ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ: Државата дава до 10.000 неповратни евра за младите земјоделци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ: Државата дава до 10.000 неповратни евра за младите земјоделци

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ: Државата дава до 10.000 неповратни евра за младите земјоделци

Младите земјоделци до 40 години од вчера ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло, и  отворање на сопствен агробизнис.

Мерката е преку Програмата за рурален развој за 2018 година, а од оваа година има промени во критериумите со цел да им се даде шанса на невработените млади земјоделци. Конкретно, најмногу бодови при аплицирањето ќе добијат оние млади луѓе кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги. Исто така, за прв пат оваа година, приоритет се дава на младите луѓе кои имаат интерес да започнат или се занимаваат со сточарство, поради што во новиот повик ќе се поддржи и набавка на добиток од увоз или од признати организации, и инвестиции во опрема. Приоритет при одобрување на апликациите ќе имаат невработените, регистрираните земјоделци и оние кои имаат уредна апликација.

Огласот е објавен денеска и ќе трае во следните 30 дена. Оваа година согласно критериумите, се фокусираме на младите луѓе кои ќе ги поддржиме со неповратни 10.000 евра. Предност имаат лицата невработени повеќе од две години, членови на земјоделски задруги, оние кои што сакаат да инвестираат во сточарството, и младите кои се занимаваат со органско производство.

Сите заинтересирни барањата може да ги достаават електронски по извршената регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде