Vrabotuvanje.com - Баба со деменција со тестаментот го шокирала семејството, еве на кого му оставила 3 милиони евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Баба со деменција со тестаментот го шокирала семејството, еве на кого му оставила 3 милиони евра

Тестаментот на една баба со деменција од Австрија го шокирал нејзиното семејство откако било откриено дека бабата го оставила целото свое богатство во вредност од 3 милиони евра на водоинсталатер.

Баба со деменција со тестаментот го шокирала семејството, еве на кого му оставила 3 милиони евра

Би можело да ве интересира: Пензионер од Англија повикал брза помош повеќе од 7.000 пати, па добил три години затвор

Австриски „Kronen Zeitung“ пишува дека бабата уште пред смртта го поставила водоводџијата како контакт за итни случаи и дека семејството не може да направи ништо бидејќи парите се оставени легално во наследство.

„Сè додека нема казнено дело како измама или принуда, роднините не можат да направат ништо. А да се докаже тоа би било многу тешко бидејќи жената сега е почината“, рекол Лоренц Киршнер, адвокат специјализиран за оставински прашања.

Имено, откако на бабата во 2018-та година по 50 години брак и починал сопругот, останала сама во големата куќа, а со оглед на тоа дека немале деца, повеќе немало кој да води грижа за финансиските и организациските работи.

Една година подоцна водоводџијата почнал да врши редовни работа во куќата на бабата во Клостернебург и изградиле добар однос.

По две години сиот свој имот му го префрлила како подарок. Остатокот му го ветила како единствен наследник во тестамент, а тоа ветување на крајот го исполнила.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде